Како да изберете совршен парфем за подарок?

180

Парфемите се одлична прилика за подарок, особено ако сакате да изненадите некоја блиска личност со или без некој посебен повод.

За да го направите вистинскиот избор, најдобро би било да се држите до овие мирисни ноти: ванила, мошус или нежна цветна арома. Според експертите, тоа се топ три мирисни ноти што луѓето ги обожуваат. Ако не го знаете омилениот парфем на личност за којашто го купувате парфемот, нема да погрешите ако изберете некоја од овие три мирисни ноти.

Иако можеби вие сакате јак парфем со интензивен мирис, не го купувајте за подарок. Затоа што така може да направите голема грешка. Поагресевните мирисни цветни или дрвени ноти не се омилени на многумина, па затоа ако не сте сигурни, избегнувајте ги.

Ако не сте сигурни кој е омилениот мирис на личноста за којашто го купувате подарокот, тогаш консултирајте се со продавачот или пребарајте на интернет околу тоа кои во моментот се најактуелни и најпродавани парфеми на пазарот.