Што кога во телото има недостиг од витаминот Б12?

96

Витаминот Б12 е многу важен, но запоставен витамин. Доколку се појави недостиг од овој витамин, може да предизвика одредени заболувања. Во продолжение неколку предупредувачки знаци што ги испраќа телото ако има недостиг од овој витамин.

Вртоглавици – честите главоболки и вртоглавици може да бидат како последица од недостиг на витамин Б12.

Заборавеност – заборавате каде ги оставате работите, па ви треба време за да се сетите? Тоа може да биде предизвикано од недостиг на витаминот Б12 во организмот. Слабост во мускулите – отсуството на овој витамин и несоодветното снабдување на мускулатурата со кислород, може да предизвика нивно ослабнување.

Блед изглед – доколку забележите дека кожата ви е побледена, тогаш тоа можеби е знак дека имате потреба од витамин Б12.