Што му штети на здравиот сон?

83

Недостатокот на сон може да остави сериозни последици по нашето ментално и физичко здравје. Доколку подолг временски период се соочувате со несоница, не можете да заспиете, често се будите во текот на ноќта, тешко станувате наутро… тогаш проверете да не правите некоја од овие грешки.

Ако сте испиле премногу кафе во текот на денот или половина час пред да си легнете, тогаш можно е да имате проблем со заспивањето. Кофеинот може да предизвика грчеви, честа потреба за мокрење, забрзана работа на срцето…

Масна храната е поврзана со проблемите во таканаречената РЕМ фаза пред спиење. Затоа, треба да го намалите внесот на масти и калории за време на вечерата. Наместо тоа, може да внесете нешто лесно и вкусно што нема да ви пречи во сонот.

Доколку сте преоптоварени со мисли околу проблеми во приватниот или професионалниот живот, тоа може да предизвика сериозни нарушувања на сонот. Обидете се пред да заспиете да не размислувате на тие проблеми, туку да се опуштите и релаксирате со топла бања, чаша вода, тивка музика, убава книга…

Заборавете на телефонот пред заспивање, бидејќи тоа може да го пролонгира спиењето. Оставете го телефонот или таблетот во друга соба за да не ви пречи светлината или звуците од добиените известувања.