Билки кои смируваат и обезбедуваат подобар сон

12

Студените зимски ноќи се приближуваат и ова веднаш нè асоцира со пријатни ноќи во топлината на домот и некој близок со кого пиеме вкусен топол напиток.

Доколку сте имале стресен и заморен ден, ноќта е идеална за пиење чај што ќе ве смири и подготви за поубав и помирен сон. Станува збор за билки за кои е докажано дека ги намалуваат симптомите на стрес и анксиозност и најдобро би било да консумирате чаеви направени од нив околу триесет минути пред медитација или да одите во кревет, а откако ќе се оладат, засладете ги со мед или пијте ги незасладени.

Нането има освежувачки мирис и вкус, но делува и како седатив. Познато е дека го смирува дигестивниот тракт, ја намалува болката во желудникот и цревата и ублажува разни грчеви и гадење.

Камилицата им помага на луѓето кои страдаат од хиперактивност, несоница, гадење и варење. Покрај чајот, глетката на букет камилица на вашата маса ги смирува умот и духот.

Женшен го испразнува преоптоварениот ментален круг и го намалува влијанието на стресот. По само една чаша чај, ќе почувствувате состојба на мир, а ако страдате од несоница, консумирајте го пред спиење.

Лавандата ја користеле и нашите баби. Ја отстранува вознемиреноста, нервозата и главоболките. Би било добро секогаш да имате есенцијално масло од лаванда, кое може да го испуштите во ламба за аромотерапија или во чаша обична вода. Пареата имаат ист ефект како чајот.