Домашна маска за раце од млеко и банана

13

Како се намалуваат температурите надвор, така и кожата ќе почне да ги дава првите знаци на сувост. Освен тоа, поради пандемијата и зачестеното миење на рацете и користење на средства за дезинфекција, кожата на рацете пука и ја губи еластичноста.

За да го спречите тоа, може да си направите домашна маска за раце од само две состојки што ги имате во секое време.

Потребно е да ја испасирате бананата и да ставите малку млеко за да можете да добиете смеса со којашто ќе ги премачкате рацете. Завиткајте ги со некоја ткаенина или во ракавици за да делува половина час. Потоа исплакнете ги рацете со млака вода и нанесете си ја кремата што редовно ја користите.