Како да си направите “златно“ млеко

12

“Златното“ млеко добива сè поголема популарност поради тоа што во себе содржи куркума, што има повеќе благотворни својства.

Потребни состојки:

Една чаша млеко
Пола лажичка куркума во прав
Малку бибер
Малку кардамон во прав

Подготовка:

Ставете го млекото и зачините во сад за да се стопли, а што почне да се стоплува, додадете ја куркумата и убаво измешајте. Откако ќе се стопли, ставете го млекото во чаша и оставете да се излади. Можете да додадете и цимет, ѓумбир или каранфилче. По желба може да додадете и малку мед.