Намирници што не одат на празен стомак

80

Лекарите предупредуваат дека одредени производи не треба да се јадат на празен желудник, како на пример лута и зачинета храна.

Ако навистина немате друг избор во моментот, пред да јадете ваков тип на оброк задолжително напијте се малку млеко или јогурт за да се обложи слузокожата на желудникот.

Одбегнувајте јаболка и круши

Јаболко или круша на празен желудник може само да го зголеми вашиот апетит и да ја влоши ситуацијата. Ако сепак се одлучите за овошје комбинирајте го со неколку ореви, парче сирење или кашкавал.

Грицки

Овие производи нема да ви помогнат ако сте навистина гладни. Разните соленки, чипсови и крекери не се добар избор за празен желудник. Наместо тоа, изедете мал ладен сендвич и почекајте го главниот оброк.

Никако кафе

Ова е една од најчестите грешки што луѓето ги прават – утринското кафе воопшто не е полезен начин да се започне денот. Лекарите велат дека кафе на гладен стомак прави голема штета на целиот организам.

Цитрусни овошја

Цитрусното овошје и кафето најмногу го поттикнуваат лачењето на желудочната киселина, којашто ја нагризува слузокожата на желудникот, а со тоа создаваат одлична подлога за појава на чир.