Брз ручек – запечен карфиол во рерна

11

Oдличен предлог за брз и здрав ручек.

Состојки:

– 1 карфиол
– 2-3 лажици павлака
– малку рендано сирење
– 2 јајца
– презла
– сув зачин
– босилек

Подготовка:

Исечете го карфиолот на ‘цвеќиња’, а потоа сварете го со додаток од сув зачин. Соединете ги јајцата и павлаката и посолете. Истурете врз готвениот карфиол кој го ставивте во сад за печење во кој сте додале малку презла. Истурете го и сирењето. Печете на 180 степени околу 30 минути.