Етеричните масла ја намалуваат анксиозноста и ја лекуваат депресијата

11

Понекогаш се случува да не можеме да излеземе на крај со сите задачи и обврски кои мора да ги завршиме, па многу често се јавува чувство на вознемиреност, загриженост, страв и тага.

Како последица на таквите чувства често се јавува забрзана работа на срцето, несоница, главоболки, умор, прекумерно потење и во некои случаи покачен крвен притисок. Со оглед на фактот дека понекогаш не можеме да влијаеме на ситуациите кои ги предизвикуваат ваквите состојки, можеме да си помогнеме со природни лекови.

Етеричните масла имаат позитивен ефект на нервниот систем, па доколку ве совлада стресот, изберете едно и втријте неколку капки на слепоочниците, стапалата или измасирајте се.

Масло од лаванда

Лавандата е многу отпорна билка која може да се одгледува во градина и не бара многу грижа. Кога се користи во склоп на ароматерапија, таа ја отстранува напнатоста и гневот и опушта. Маслото од лаванда е одлично и за лицата кои страдаат од несоница.

Масло од јасмин

Јасминот го нарекуваат „крал“ на миризливите масла. Тој поседува мирис кој е сензуален и кој опушта, а маслото од јасмин се користи против менталните блокади, нервозата и тагата. Одлично делува и како антидепресив.

Масло од камилица

Маслото од камилица делува како седатив, а во облик на чај е познат и како напиток за опуштање. Во ароматерапијата, неговата улога не е многу поразлична, а освен што смирува, камилицата го намалува и нивото на стрес и болка.

Масло од роза

Маслото од роза се користи за ублажување на тагата и депресивните состојби, а некои тврдат дека одлично ги балансира и женските хормонални циклуси.