Ефикасна “борба“ против несоница

19

Возраста, начинот на живот, околината во која живееме и исхраната имаат свое влијание врз потребата за сон. Без добар сон, нашиот организам не функционира како што треба.

Денес со брзото и стресно темпо на живот луѓето сè почесто патат од несоница.

Најчести нејзини симптоми се неможност да се заспие, будење во текот на ноќта, будење рано наутро, чувство на замор и раздразливост во текот на денот.

Стресот и анксиозноста се најчести причинители за несоница, но тоа може да биде и депресијата, како и некои други нарушувања на организмот.

Како да си помогнете?

  • Избегнувајте кафе и пијалаци кои содржат кофеин, особено во доцните часови.
  • Не консумирајте тешки јадења доцна навечер.
  • Одредете еден тајминг за будење секој ден.
  • Користете ролетни или дебели завеси за прозорците, маска за очите и чепчиња за уши, за да не ви пречат светлината и разните звуци.
  • Релаксирајте се со топла бања, еден час пред спиење или едноставно одберете го она што најмногу ве опушта и препуштете се.