Како да се препознаат ризични младежи на кожата

19

Безопасните младежи и оние кои носат ризик од меланом се разликуваат во неколку работи. Единствено бојата им е заедничка карактеристика, а поголемиот дел од нив се најчесто безопасни. Според научниците, еден од 100.000 младежи може да се претвори во меланом.

Пред да побарате стручно мислење, младежите можете да ги испитате со едноставен самопреглед.

Најпрво погледнете ја нивната симетричност. Безопасните младежи имаат правилен облик, кој што може да биде во форма на круг, овал или пак долгнавест. Рабовите на младежот треба да бидат рамни, уредни и “добро исцртани”. Во спротивно побарајте мислење од лекар.

Безопасните младежи имаат светло кафена боја или боја на бело кафе. Исклучително темните младежи, особено оние црните се причина за посета на дерматолог.

Исто така потребно е да ја измерите нивната големина. Доколку се поголеми од шест милиметри треба да се проверат. Ако некој од младежите почнува да менува боја, се воспали или крвари, консултирајте се со лекар што поскоро.