Како студениот туш наутро влијае врз нашето здравје?

122

За многумина не е пријатно туширањето со студена вода, особено наутро или во зима. Но, бројни истражувања покажуваат дека наместо да го избегнуваме, ваквото туширање треба да стане секојдневна навика.

Експертите уверуваат дека студениот туш позитивно влијае врз кардиоваскуларниот систем, на дишните патишта, како и на мускулатурата. Иако можеби звучи чудно, сепак истражувањата покажуваат бенефити од студениот туш и за имунитетот, психолошкото здравје, забрзување на метаболизмот и за подобрување на кожата.

Студената вода ја зголемува циркулацијата, со што крвта е побогата со кислород, а тоа автоматски значи дека мозокот, срцето и белите дробови работат на оптимално ниво.

Се верува дека туширањето со студена вода е многу поефикасна метода за будење, за разлика од кафето.