Дилема – дали да вежбате ако сте настинати?

136

Во сезоната на настинки и грипови многумина кои инаку се физички активни и редовно вежбаат, си го поставуваат прашањето дали треба да продолжат со тренинзите или да направат пауза додека не закрепнат.

Експертите советуваат дека треба да продолжат со вежбање ако се работи за настинка. На тој начин ја поттикнуваат работата на срцето, добро делува на белите дробови и го поттикнува лачењето на ендорфин. Сите овие елементи ќе му помогнат на телото на се чувствува подобро и да се избори со настинката.

Но, во никој случај не смеете да почнувате со вежбање ако сте настинати, бидејќи немате основа и претходна подготовка и телото нема да може да се носи со тоа оптоварување. Па така, наместо да си помогнете, може да направите само да ви биде полошо.