Маска од алое и кокосово масло против суви дланки

22

За да не дозволите кожата на дланките да ви биде сува во текот на студените денови, може да си направите едноставна маска.

За тоа ви се потребни само две состојки: гел од алое вера и малку кокосово масло. Промешајте ги убаво за да се соединат и мачкајте ги по неколку пати во денот. Потоа измијте ги рацете со топла вода и ставете од омилената хидратантна крема.