Како сами да си направите шампон против опаѓање на коса?

167

Опаѓањето на косата може да биде од сезонски карактер или да сигнализира некоја промена во организмот. Освен неопходниот совет со лекар, може да го спречите опаѓањето на косата со помош на шампон што сами може да си го подготвите.

Што е потребно за овој шампон:

Еден литар шампон од коприва

100 милилитри AD капки

Две ампули витамин Б

30 милилитри масло од рицинус

100 милилитри воден раствор пантенол

Едно шишенце капки од коприва

Пет капки есенцијално масло по желба

Сите состојки може да се најдат во аптека, а потребно е само да се измешаат. Шампонот може да го користите додека не ја потрошите целата количина. Потоа се препорачува пауза, а првите резултати може да ги очекувате за еден месец.

Маслото од рицинус поттикнува раст на косата, а има и антибактериско дејство што спречува иритации. Копривата го зајакнува влакното и го зацврстува коренот. Витамините А и Б се неопходни за здрава коса, но и кожа на скалпот. Пантенолот влијае на здравјето на кожата на главата.