Три правила за нега на кожата на рацете во зима

134

Додека другите делови од телото во зимскиот период ги заштитуваме со облека, шал, капа… рацете вообичаено остануваат изложени на ниските температури. Поради тоа, може да се забележи сушење на кожата или иритација или пукање. За да го спречите тоа, треба да се грижите и да ги заштитите во текот на зимските денови.

Првиот начин се секако топли, памучни, кожни или волнени ракавици. Во исто време, ќе добиете и убав моден додаток и мека заштита од студеното време.

Крем за раце – нанесувајте крем за раце што ќе биде доволно масен, но и ќе упие во кожата, создавајќи заштитен слој што нема да дозволи пукање на кожата или чувство на сувост.

Маски за раце – исто како што подготвувате домашна маска за лице, така може да си направите и маска за заштита на кожата на рацете. Медот нека биде основната состојка, а можете да додадете уште нешто што имате во фрижидерот.