Омилениот десерт на Џејми Оливер: Торта со лешници и мед!

34

Секој што некогаш гледал шоу на Џејми Оливер, знае дека неговите рецепти се едноставни и брзи.

Овој пат, омилениот готвач откри еден од неговите омилени десерти.

Состојки:

250 гр путер
220 гр мед
4 големи јајца
150 гр мелени лешници
150 гр брашно
2 1/2 лажички прашок за пециво
1/4 лажичка сол

Состојки за чоколадна обвивка:

200 гр темно чоколадо
50 гр путер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени. Подмачкајте ја тавата за печење и обложете ја со хартија. Изматете го путерот со блендер додека не биде кремаст, а потоа додадете мед во него и добро измешајте за да се поврзат.

Скршете едно по едно јајце и полека додајте ја во претходната мешавина и нежно промешајте. Истурете ја смесата во тавата и израмнете. Печете го тестото на 160 степени околу 45 минути.

Кога тестото е готово, почекајте да се излади. Превртете ја тавата и оставете го тестото за да се олади целосно. На пареа стопете го путерот и во него ставете го чоколадото. Промешајте да не изгори. Тргнете го од топлина и оставете малку да се излади. Глазурата нанесете ја на тортата и ставете лешник на врвот по желба. Оставете ја тортата на собна температура некое време и потоа ставете ја во фрижидер.

Послужете ја тортата со топка сладолед или овошје по ваш избор.