Како да направите совршени целувки?

202

Дали уживате во подготовка на лесни и едноставни десерти за кои не ви се потребни многу намирници, а сепак се вкусни?

Овој десерт не бара многу умешност, туку само да ја знаете “слатката“ тајна.

За подготовка на целувките, потребни се:

Осум до девет белки

500 грама шеќер

Две лажици вински оцет или сок од лимон

Најдобро е јајцата да бидат претходно во фрижидер за да може од белките да се измати убав “снег“. Потоа, внимателно додавајте го шеќерот и на крајот оцетот или сокот од лимон. Матете со миксерот сè додека не добиете цврста смеса.

За да направите совршени целувки или меѓу луѓето познати како пуслици, треба да знаете дека тие не се печат, туку долго време се сушат во рерна што е загреана на 160 степени. Само пет минути, откако ќе ги ставите целувките во рерната, намалете ја температурата на 130 степени и сушете ги околу час и половина. По сушењето, најдобро е да отстојат во исклучена рерна околу 10 часа за да можат да се исушат потполно во текот на ноќта.