Природни напитоци кои ќе ги отстранат киселините од желудникот

25

Доколку често патите од киселини во вашиот желудник, не мора секогаш да посегнувате по лекови. Желудочната киселина е многу јака, но во здравиот желудник создава и заштитен слој кој што има клучна улога.

Доколку сепак чувствувате некакви тегоби поради зголемена киселина во вашиот желудник, обидете се со овие ефикасни природни лекови:

Лек со босилок

На првите симптоми на зголемено лачење на желудочна киселина, земете и џвакајте измиени лисја од босилок. Исто така може да провриете 3-5 лисја босилок и да ги ставите во шолја. Чајот може да го засладите со мед, но немојте да додавате млеко.

Напиток со цимет

Циметот е одличен лек за проблемите со варењето храна, но и желудочните тегоби. Додадете една лажица цимет во вода и загрејте ја. Оставете да проврие неколку минути, а потоа откако ќе ја тргнете од оган оставете да се излади. Овој чај треба да го пиете три пати дневно.

Каранфилче како лек

Овој зачин може да го намали лачењето на желудочна киселина и да ги елиминира вашите гасови. Ефикасен лек е против киселините и лошиот здив. Може да си направите чај од каранфилче, тој исто така е ефикасен и во борбата со зголемениот холестерол.