Што сè прави леќата за вашиот организам

136

Леќата се карактеризира по големата застапеност на растителни протеини, јаглени хидрати, витамини од В групата, како и минерали, особено молибден, железо, фосфор, манган, цинк и др. Богата е и со растителни влакна, а не содржи масти и холестерол. Хранлива е, лесно и брзо се подготвува и достапна е во текот на цела година, па нема оправдување за нејзино отсуство во исхраната!

Ова се бројни здравствени придобивки на леќата:

  • Намалување на нивото на холестерол  Бидејќи содржи високо ниво на растворливи влакна, леќата помага во намалување на нивото на холестерол, а со тоа го намалува ризикот од срцеви заболување и мозочен удар.
  • Здраво срце Леќата е одличен извор на фолна киселина и магнезиум, кои се од голема важност за виталноста на срцето. Фолната киселина го намалува нивото на хомоцистеин, сериозен фактор на ризик за срцеви заболувања. Магнезиумот го подобрува протокот на крв, кислород и хранливи материи во телото.
  • Дигестивен баланс Леќата содржи растителни влакна кои помагаат да се негува и балансира цревната флора.
  • Стабилизиран шеќер во крвта  Едно истражување на научниците од Универзитетот во Тороното во 1988 година откри дека учесниците во студијата кои јаделе црвена леќа за вечера имале регулирано ниво на шеќер во крвта во текот на следниот ден. Со тек на време, вклучувајќи почесто црвена леќа во исхраната, дијабетичарите успеваат да постигнат балансираност во нивото на шеќер во крвта.
  • Протеини  Црвената леќа содржи највисоко ниво на протеин од сите мешункасти плодови. Една порција леќа содржи 17,8 грама протеин, износ што исполнува 38% од дневните потреби за протеин на човекот.
  • Енергија  Црвената леќа е исклучителен извор на железо. Особено им се препорачува на жени во периодот на месечниот циклус, кога се изложени на дефицит на железо во крвта. Се смета дека е далеку поздрава и од црвеното месо, затоа што за разлика од месото не содржи калории и масти.
  • Здраво губење на вишокот килограми  Црвената леќа е највисоко на листата на здрава храна според Светската здравствена организација. Леќата содржи бројни корисни хранливи состојки како растителни влакна, протеини, минерали и витамини, а покрај тоа е мешункаст производ со ниско ниво на калории и не содржи маснотии. Една порција варена леќа содржи околу 230 калории, но сепак дава чувство на целосна ситост.