Зошто тешко заспиваме, кога сме премногу изморени?

95

Дали некогаш ви се случило да имате напорен ден и едвај да чекате да си легнете, но штом ја ставите главата на перницата, сонот никако да дојде?

Според експертите, заморот претставува сериозен проблем што влијае не само на сонот, туку и на квалитетот на животот. Тоа подразбира дека имаме чувство како да носиме некој претежок товар, а за тоа немаме сила.

Доколку често ви се случува после напорниот ден да не може да ве “фати“ сонот, тогаш мора да поработите на навиките што ги имате во периодот пред заспивање. На пример, обидете се да се одморите и да не размислувате за стресни работи пред легнување. Релаксирајте се со топла миризлива бања, пријатна музика или нешто слично.