Дали би пробале варено бело вино?

144

Еден од омилените пијалаци во студените зимски денови е вареното вино. Вообичаено се вари црвено, но дали сте пробале бело варено вино?

Еве еден рецепт којшто може да го искористите за да пробате нешто поинакво.

За белото варено вино потребно е:

Еден литар бело вино

Два портокали

Осум лажици шеќер

Една лажица мед

Пет каранфилчиња

Четири стапчиња цимет

Еден од портокалите исцедете го и додадете го во садот каде што ќе се вари виното. Вториот портокал убаво измијте го и исечете го на кругови. Ставете ги виното, зачините, сокот и круговите од портокал во тенџере и варете на умерена температура 20-тина минути.