Добро знаеме дека многу е непријатно кога стапалата ни се студени во зима. Затоа, посегнуваме по термо чорапи и топли обувки за да ни биде пријатно.
Доколку постојано имате проблем со студени стапала, може за кратко време да ги почувствувате и првите знаци на настинка. Тоа е така бидејќи внатрешниот дел на стапалата е чувствителен, а таму се сместени голем број нервни завршетоци.
Затоа, загрејте си 300 грама морска сол и ставете ја во ткаенина од природен материјал. Замотајте ги стапалата и уживајте во топлината.
Може да си купите и топли чорапи или во домот да си носите собни папучи со крзно, коишто ќе ви ја обезбедат неопходната топлина.