Крем чорба од компир – идеална за зимските денови

123

Кога температурата надвор е околу нулата, сите бараме начин како да се затоплиме. Еден едноставен деликатес може да ви помогне во тоа.

За чорбата со компир, потребно е: 500 грама компири, 100 грама корен од целер, 500 милилитри бистра супа, зачини, еден морков, 200 милилитри павлака и малку власец.

Компирот и целерот варете ги околу 20 минути во бистрата супа. Издинстајте го морковот и додадете го кај другите состојки. При крајот додадете ја павлаката и власецот.

Нека ви е на здравје.