Придобивки од консумирање ленено семе

15

Задолжително во вашите вечерни ритуали вметнете го и ова, резултатите ќе ве воодушеват…

Се верува дека ова било билка која луѓето ја припитомиле. Покрај тоа што се користи во текстилната индустија, ленот, поточно, неговото семе, е многу благотворно за луѓето.

Богато е со протеини, растворливи влакна, минарали како железо и цинк, но и витамините Б1, Б2, Ц, Е и провитаминот А.

Лененото семе се користи како додаток на житарките, кои ги консумираат оние кои држат диета или сакаат подобро да го прочистат организмот. Покрај тоа што е богато со масти и влакна, ова семе е и одличен лаксатив. Омега 3 масните киселини, кои се наоѓаат во ленот, имаат противоспалителни дејства.

Многу клинички истражувања покажаа дека со лененото семе можете да ги излечите и проблемите со високиот холестерол, некои срцеви болести и Шегреновиот синдром (хронична автоимуна болст).

За да се ослободите од запекот, секое утро на празен стомак, изедете лажица ленено семе. Иако, можеби не звучи вкусно, џвакајте го колку што можете подолго. Полесно ќе ви биде кога ќе потопите лажица ленено семе во шолја млака вода, оставете го да отстои шест часа, и потоа изедете го семето пред спиење.

Лененото семе во водата станува лигаво, но, токму во таа слуз се наоѓаат неговите лековити својства. Лененото семе ја обложува слузокожата во желудникот, ја штити и ги намалува воспаленијата.