Зошто кесичката чипс секогаш е полупразна?

154

Иако го бие лош глас дека не е здрав за јадење, не постои човеч кој барем еднаш не грицкал некаков чипс. Но, дали сте забележале дека кесичката е полупразна?

Причина за тоа лежи во преработувачката индустрија од каде што намерно се остава празен простор за да се заштити чипсот од оштетување. Додека да стигне чипсот до полицата во продавницата, тој поминува долг пат, па дури и најквалитетните парчиња чипс би се претвориле во обични трошки.

Освен што има доволно простор, добро е да се знае дека кесичката не е полна со воздух, туку со азот. Тоа е така за да може чипсот цело време да остане свеж. Ако во чипсот има воздух, чипсот ќе стане влажен и брзо ќе се расипе.