Трикови за убавина со банана

123

Бананата е овошје што, освен што е вкусно, тоа може да има широка примена во негата и убавината.

Природен пилинг – направете си домашен пилинг за здрава и сјајна кожа од една зрела банана и малку шеќер. Масирајте со кружни движења пире од една зрела банана и шеќер. Овој природен пилинг ја хидрира кожата и ги отстранува успешно мртвите клетки.

Сува кожа – ако имате проблем со сува кожа, додадете мед на пола зрела банана Нанесете го на чисто лице и оставете ја дејствува половина час, а потоа исплакнете со млака вода.

Изморени очи – ако работите пред компјутер или чувствувате дека очите ви се изморени, ставете малку изгмечена банани и одморете 10-тина минути.