Зошто вежбите на Синди Крафорд никогаш не излегуваат од мода?

125

Најпопуларните вежби датираат од 90-тите години на минатиот век. Синди Крафорд е култен модел од 90-тите, која и денес се смета за идеал кога е во прашање женската фигура.

Десетминутниот тренинг на Синди е еден од најпознатите проекти во нејзината кариера. Освен тој, и другите нејзини програми се популарни и денес. Класичните вежби на Синди се совршени за почетници, за оние кои сакаат да ја подобрат својата форма и кондиција, како и оние кои сакаат да му се вратат на спортот по одредена пауза.

На пример, Cindy Crawford: Shape Your Body содржи 10-тина видови на вежби коишто може да се менуваат од една на друга страна, како и да се зголемува нивното повторувања. Откако ќе ги надминете тие вежби, може да прејдете на следното ниво со поинтензивни вежби – Cindi Crawford: The Next Challenge. Овој вид на вежби денес важат за најефикасен начин во борба против дебелината.