Ако сакате едноставни и вкусни колачи, коишто може да ги јадете без да се плашите дека внесувате многу шеќери, тогаш овој рецепт е за вас.
Потребни состојки
250 грама урми
200 грама овесни снегулки
50 грама путер од кикиритки
Две зрели банани
Семки од сончоглед, лен, сусам
Пет лажици какао
Едно јајце,
Вода по потреба
Прашок за печиво
Најпрво во овесните снегулки додадете го прашокот за печиво, семките и додадете го јајцето и испасираните банани. Откако ќе ги промешате додадете малку вода за да добиете компактна смеса. Ставете ја во калап и печете 15-тина минути. Урмите, путерот од кикиритки и какаото прелијте си со врела вода и изблендирајте. Откако ќе се излади кората, одозгора ставете го филот од урми.
На здравје