Какао со куркума – необична, но здрава комбинација

39

Какаото и куркумата одделно имаат голем број здравствени бенефити, но сте помислиле ли некогаш дека можете и да ги искомбинирате во супер здрав пијалак?

За да го направите овој пијалак, потребно е да го сварите какаото на класичен начин, засладено по желба, но најдобро е доколку можете, воопшто да не додавате шеќер.

Кога е врело, во свареното какао додадете половина лажичка куркума и мешајте добро. Таа во течноста ќе ги ослободи своите скапоцени хранливи материи, а на површината на чашата ќе се создаде златесто-жолта пена. Можете да додадете малку мед и кокосово масло. По желба, ставете млеко, кравјо или растително, но ова не е неопходно.

Кокосовото масло му помага на вашето тело полесно да ги апсорбира хранливите материи. Какаото, како што веќе е познато, содржи железо, а куркумата е еден од најпознатите зачини со антиоксидативни, антиканцерогени и антивоспалителни својства.

Колку и да ви се чини оваа комбинација чудна, всушност, се работи за навистина вкусен пијалак, кој постојано ќе го подготвувате.