Каков став имал Тесла за исхраната?

122

Знаете ли каков бил ставот на познатиот светски научник Никола Тесла во врска со исхраната? Тој сметал дека лошата исхрана може да ги направи луѓето непродуктивни.

“Пред сè, ние јадеме премногу, но тоа сме го слушнале повеќе пати. И јадеме погрешен вид на храна и пиеме погрешни течности. Најголема штета прави тоа што се прејадуваме и не вежбаме, што создава токсична состојба во организмот и го прави невозможно исфрлањето на насобраните отрови“, рекол во една прилика Тесла.

Тој пиел многу вода и млеко и водел сметка за својот изглед.

“Ги избегнувам сите стимуланси. Скоро во целост избегнувам месо. Уверен сум дека за помалку од еден век кафето, чајот и цигарите ќе излезат од дома. Алкохолот, сепак, и понатаму ќе биде во употреба, затоа што тој не е стимуланс, туку вистински еликсир на животот“, рекол Тесла.

Тој бил познат по тоа што скоро секој ден пиел виски, а бил и голем поборник на компирите.