Валеријана – растение што смирува и се грижи за здравјето

111

Валеријаната важи за растение со посебно смирувачко дејство, па нејзиниот корен се користи за намалување на напнатост, вознемиреност, несоница и стрес.

Но, освен што ги смирува нервите, валеријаната ја намалува и мигрената, ги опушта мускулите, ги ублажува симптомите на астма и го регулира крвниот притисок.

Една од главните предности што ги има ова растение, за разлика од други средства за смирување, е тоа што не предизвикува зависност.

Валеријаната, исто така, се препорачува и за лекување на болести од зависност, а особено е ефикасна кај оние кои сакаат да престанат да пушат.