Шеа путер, магична состојка со многу благодетни дејства

26

Шеа путерот е цврста масна состојка која се добива од јаткастите плодови на дрвото Karite (познато и како Mangifolia).

Откако ќе созреат, плодовите се кршат, варат и се обработуваат со цел да се извади маста со кремава боја или шеа путерот.

Чистиот шеа путер личи на грутки сладолед од карамела. Како таков во локалните подрачја се користи за подготовка на храна.

Неговата популарност во западната цивилизација порасна откако почна да се употребува во многу козметички препарати за нега.

Нерафинираниот шеа путер е многу ефикасен во лечење на разни кожни осипи, изгореници, лузни, стрии, убоди од инсекти, артритис, замор во мускулите…

Тој е и добар антиоксидант, поради тоа што содржи витамини А, Д и Е кои ја штитат кожата од слободните радикали и надоврешните влијанија.

Шеа путерот содржи и олеинска, стеаринска, палмитинска, арахидонска и линоленска киселина кои се всушност неговите главни состојки. Тие овозможуваат путерот да се топи на телесна температура и брзо да се впива во кожата.

Одлично ја штити кожата и косата во зима. Тој е совршен балсам за испукани усни, природен регенаратор за коса, ја подмладува кожата и ја враќа нејзината еластичност.

Се користи и за смирување на воспаленија при атопичен дерматит и егзема.