Дематолозите препорачуваат…

16

Дерматолози откриваат кои работи секогаш ги прават пред спиење со цел за да ја одржат кожата убава и негувана, а им ги препорачуваат на сите.

Ова е еден од првите совети за убавина, а тоа е задолжително отстранување на шминката пред спиење. При чистење на шминката, проверете дали ја отстранувате целосната шминка и нечистотиите од лицето, а притоа користете нежни средства за чистење кои нема да ја пробијат бариерата или да предизвикаат иритација на кожата.

Кога станува збор за производи со формулации против стареење, дерматолозите се сериозни и избегнуваат состојки чија ефикасност не е научно докажана. Ретинолите и гликолната киселина, меѓу другото, припаѓаат на состојките што ќе се најдат во серумите и кремите за ноќната рутина за убавина.

Исто како и отстранувањето шминка со средства за чистење на лицето и нанесувањето навлажнувачки крем е неизбежен чекор во вашата секојдневна и утринска и вечерна рутина за убавина. Сепак, експертите тврдат дека во овој случај, треба да обрнете внимание на хидратацијата и дека скапите креми не значат секогаш квалитет, па затоа можете да изберете производи со наједноставни состојки. Наместо тоа, фокусирајте се на anti-age производи.