Домашен смирувачки пилинг од лаванда

14

Претворете ја вашата бања во мини спа-центар со помош на овој пилинг од морска сол и лаванда, благодарение на кој ќе ја зачувате кожата мека и чиста, а умот мирен и стабилен.

Овој домашен пилинг може да го користите пред спиење, за релаксација по долг и напорен ден. Важата кожа ќе биде мека и чиста, а вие ќе бидете опуштени и полесно ќе заспиете.

Потребни состојки:

Половина чаша морска сол
1/3 од истата чаша бадемово масло
2 капсули витамин Е
Една лажица сушени цветови од лаванда
8 капки етерично масло од лаванда

Подготовка:

Во мала тегла измешајте ги маслото и морската сол. Во смесата додајте ја содржината од двете капсули со витамин Е, ситните цветови лаванта и етеричното масло. Затворете ја теглата и мешајте со протресување. Оставете содржината да отстои покриена со крпа најмалку еден час. Доколку сакате поинтензивен мирис, додајте уште неколку капки етерично масло.

Нанесете на малку навлажнета кожа и масирајте со кружни движења. Исплакнете со млака вода и исушете со тапкање со крпата, а не со триење.