Како правилно се чисти четкичката за заби

25

Американскиот стоматолог Сухаил Мохиудин објасни дека само миењето на четката под млаз вода пред и по миење на забите не ја прави четката чиста.

Сухаил Мохиудин, познат и како Др. М, вели дека тоа е затоа што нашата четка е дом на повеќе од 100 милиони бактерии, што покажала студијата на Универзитетот во Манчестер.

“Дали знаевте дека вашата четка за заби содржи еден тон микроби? Ова е начин како да се исчисти и да се одржи здрава“, напишал Др. М.

Мохиудин вели дека четката за заби треба редовно да се чисти за да се ослободи од штетни бактерии. Тој советува да ја миете главата на четката со сапун во топла вода, внимавајќи добро да го измиете сапунот.

Исто така, можете да ја потопите четка за заби во антибактериска течност за плакнење на уста.