Вкусни мафини со печурки

18

СОСТОЈКИ:
15 лажици пченкарно брашно
2 лажици пченично брашно
1 главица кромид
150 гр печурки
3 јајца
кисело млеко
1 дл масло
сол
бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид. Додајте печурки исечкани на листови, посолете и побиберете, па динстајте десетина минути.

Разматете јајца, додајте кисело млеко, масло и двата вида брашно. Измешајте и смесата спојте ја со издинстаните печурки. Ставете во калапи за мафини и печете 30 минути на 200 степени.
Добар апетит!