Кантарион – моќно “оружје“ против депресија

150

Кантарионот се користи како природен антидепресив, седатив и антибиотик. Во последно време, кантарионот станува многу популарен како средство во борба против депресија. Постојат голем број научни истражувања што ја потврдуваат неговата примена кај блага и умерена депресија.

Во споредба со антидепресивите, кантарионот е подеднакво ефикасен, а во исто време, има помалку несакани својства. Најчесто се препорачува да се користи кај депресија, промени во расположение за време на менопауза, опсесивно – компулсивно пореметување, анксиозност и сезонска депресија.

За кантарионот се верува дека е сончев цвет, бидејќи во текот на годината ја собира сончевата светлина, а ја пренесува во текот на зимските месеци. Поради тоа се чини дека е оправдана употребата на кантарионот особено во зимскиот период.

Кантарионот се користи и за смирување на воспаленија на кожата, како и за чистење на различни бактерии.

Во народната медицина, оваа билка се користи кај болести на црниот дроб, бубрезите, желудникот, чир на 12-палечно црево и женски болести.