Вкусно, брзо и здраво – прокељ со брусница и ореви

230

Минијатурен, а толку моќен сојузник на здравјето. Прокељот е природен извор на протеини, растителни влакна, витамини. По својот изглед потсетува на минијатурна главица зелка.

Прокељот потекнува од ладните делови на северна Европа.

Во малите главици на прокељот се кријат многу активни супстанции кои помагаат при разни болести, вклучувајќи ги тука и малигните заболувања.

Како и секој лиснат зеленчук, така и поркељот има мала енергетска вредност, сиромашен е со калории, а извонредно хранлив. Во најголем процент, во прокељот, се застапени растителните белковини, како и јагленохидратите. Содржи голема количина на растителни влакна и сирова целулоза, кои помагатаат за подобро варење на храната. Затоа, прокељот им се препорачува на лицата кои имаат проблеми со празнењето на цревата (опстипација).

Прокељот содржи двојно поголема енергетска вредност од зелката, бидејќи е богат со јагленохидрати, растителни белковини, витамини и минерали. Содржи голем количина на витамин Ц. (100 грама прокељ ги задоволуваат дневните потреби на организмот за витамин Ц). Содржи и фолати (богат е со растителни влакна). Содржи калиум, калциум, магнезиум, фосфор, бета каротин, витамини од групата Б, витамин Ц и А и други корисни состојки.

Во прокељот се наоѓа и едно интересно хемиско соединение, 3-индол-карбинол, за кое е докажано дека може да помогне во лекувањето на респираторната папиломатоза (бенигни израстоци кои можат подоцна да се трансформираат во малигни).

Подгответе прокељ со брусница и ореве

  • 800 гр прокељ
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица балсамико
  • пола лажица сол
  • 50 грама сушена брусница
  • 100 гр ораси
  • 50 грама сирење
  • изрендана кора од портокалИзмијте го прокељот и секоја главица исечкајте ја на пола. Прелите со маслиново масло, балсамико и посолете. Промешајте и ставете го во плех обложен со хартија за печење. Печете околу 20 минути. Додајте ги брусниците , сецканите ореви и ренданата кора од портокал, повторно промешајте и печете уште неколку минути на 200 степени. На крај додадете изрендано сирење.Фото: Pexels