Гравот е традиционално јадење на нашиве простори, меѓутоа најчесто го користиме како главно јадење. Но, една блогерка за храна во Австралија направи десерт во којшто главна состојка е гравот.
За овој чоколаден колач потребно е:
300 грама црвен грав
Пет јајца
Една кафена лажичка прашок за печиво
50 грама какао во прав
Шест лажици путер
Три лажици мед
Постапката за подготовка е следна: најпрво сварете го гравот. Кога ќе омекне, се додаваат сите останати состојки и добро се блендира. Смесата ставете ја во тавче и печете го 30 минути на 200 степени.