Веројатно и вие, како и сите останати, овие денови сте на диета. За празниците сте претерале со храната, што покажува и вагата.
Добар чекор во таа насока е овошно смути. Ви претставуваме едноставен рецепт кој е добар за почеток на нов, здрав живот.
Состојки:
- 2 банани
- 1 јаболко
- 1 мала шоља спанаќ
- 1 лимета или портокал или лимон
- вода по потреба
Подготовка
Бананите и јаболкото излупете ги и ставете ги во блендер. Додајте го измиениот спанаќ и исцедете го цитрусниот сок. Во зависност од тоа колкава густина сакате додадете вода и изблендирајте.
Уживајте!
Фото:Pexels