Лековитата моќ на убавите рози

95

Цветот на розите изобилува со витамини, етерични масла, шеќери, тианин, лимонска и винска киселина.

Сирупот од цветот на розите служи за прочитување на крвта, ја намалува напнатоста, а има и антивоспалително дејство, па е корисен кај воспалено грло, чистење на црниот дроб, смирува главоболки и слично.

Доколку имате во близина рози, тогаш може да ги исчистите латиците и да ги исушите една недела во затворен сад на темно и суво место. Од нив може да направите сируп или чај.

На пример, ако подготвувате сируп, потребно ви е две раце латици од рози да ги прекриете со 500 милилитри врела вода и да ги оставите еден ден. Потоа, процедете и додадете 250 грама шеќер. Пред крај на варењето, додадете еден сок од лимон и варете уште пет минути. Сирупот може да се пие по четири лажици дневно.