Уморни, малаксани или ве боли глава? Може ви недостасува овој минерал

125

Магнезиумот во нашето тело е поврзан со повеќе од 300 биохемиски процеси коишто влијаат нашето тело правилно да функционира. Бидејќи недостаток на магнезиум е тешко да се дијагностицира клинички, научниците често го нарекуваат “невидлив симптом“.

Ова се некои од симптомите кои укажуваат дека не внесувате доволно магнезиум:

1. Недостаток на енергија и константен замор се првите знаци преку кои ќе забележите дека ви недостасува магнезиум.

2. Честите главоболки исто така настануваат од недостаток на овој минерал.

3. Чести грчеви во нозете. Магнезиумот е клучен за работата на мускулите.

4. Несоница и отежнато спиење.

5. Неправилни отчукувања на срцето. Многу кардиоваскуларни неправилности се предизвикани од недостатокот на магнезиумот, затоа задолжително посетете лекар додека е време.

6. Запекот е уште еден од симптомите.

7. Високиот крвен притисок исто така.

8. Кршливоста на коските покрај тоа што е поврзана со недостатокот на калциум, укажува и на мала количина магнезиум во организмот.

9. Наглите промени на расположение, честата нервоза и анксиозност може исто така да значат дека треба да внесувате повеќе храна богата со магнезиум.