Оние кои не се љубители на месото овој рецепт е идеален избор за ручек. Подготовката е лесна и брза.
Состојки:
- 1 поголема тиквичка
- 2 моркова
- 2 компира
- 2 јајца
- 6 супени лажици брашно
- 1/2 прашак за пециво
- магдонос по вкус
- сол, црн бибер и други зачини по желба
Начин на готвење:
- Зеленчукот се ренда и се меша со останатите состојки додека се соедини смесата.
- Ги ставаме да се пржат на врел зејтин така што од смесата со супена лажица се зема и се става во зејтинот да се испржи.
- Овие кофтиња се совршени да се послужат со сос од павлака.
Во смесата по желба може да се смени и да се додадат праз, печурки, сирење, кашкавал итн.