Неодолива, вкусна и едноставна комбинација од потпечено лепче, пармезан и печурки.
Потребни состојки:
Еден багет
500 грама свежи печурки
100 грама пармезан
Маслиново масло
Лук
Зачини
Багетот исечете го на парчиња, премачкајте со маслиново масло и лукче и ставете ги во рерна да се потпечат. Во меѓувреме, во тава загрејте масло и испржете ги печурките. Пред крајот на пржењето, додадете ги зачините. Врз секое парче од багет лебот ставете од печурките и одозгора изрендајте пармезан.
На здравје.