Лековитата моќ на копривата

102

Копривата цвета од пролет до есен и е одличен додаток во тестенини, рижото и супи.

Таа е многу лесна за подготовка и потребни и се само две до три минути варење. Така максимално ќе се зачуваат нејзините хранливи и лековите својства.

Копривата го подобрува функционирањето на системот за варење, добра е за чистење на крвта и бубрезите, позитивно делува на панкреасот, помага за намалување на шеќерот во крвта.

Ова лековито растение содржи витамин Ц и А, калциум, железо, калиум, фосфор и уште многу други корисни витамини и минерали.

Чајот од коприва се користи за болести на црниот дроб и жолчката, против несоница, стомачни грчеви, чиреви и друго.

Доколку решите сами да ја берете, одберете места каде нема загаденост, носете ракавици за да го избегнете непријатното пецкање и не ги берете оние што имаат цвет.