Проблемот со свежиот здив може да биде последица на некој расипан заб или некоја друга состојба во организмот. За да го спречите лошиот здив, тогаш користете ги овие намирници.
Вода – дехидрираноста може да биде причина за лош здив, па затоа не заборавајте да пиете вода во доволни количини во текот на денот.
Јогурт – овој млечен напиток збогатен со добри бактерии, односно пробиотици, може да биде одличен сојузник во борбата против лошиот здив.
Зелен чај – овој чај е природен освежувач на здивот, а во исто време ги штити забите од појава на кариес.
Свежа пиперка – освен што се традиционален зеленчук што е присутен на нашата трпеза, добро е да се знае дека свежите пиперки се богати со витамин Ц што помага во борбата против лошиот здив.
Јаболко – освен сите важни придобивки од секојдневно консумирање по една јаболка, јадете го ова овошје и секогаш ќе имате свеж и пријатен здив.