Трик за супер брзо сушење лак на нокти

71

Дали ви се случило некогаш да ги излакирате ноктите, па со часови да се плашите да фатите нешто за да не го уништите лакот? Со помош на овој едноставен трик повеќе не мора да го правите тоа и дури може да се излакирате и час поскоро да ги извршувате сите обврски што ги имате.

Во еден сад ставете студена вода и дадете неколку коцки мраз. Излакираните нокти доволно е една минута да почекате да се засушат, а потоа брцнете ги рацете во “ледената“ купка. Штом ги тргнете рацете од садот, ќе забележите водени меурчиња на горниот слој од лакот, што е знак дека се исушил.