Овој рецепт за вкусен чоколаден колач, доаѓа од Јужна Америка, а не содржи брашно и шеќер.
За негова подготовка е потребно:
Четири јајца
Два портокали
200 грама ореви или бадеми или кокос
Пола лажичка сода бикарбона
За фил:
100 грама темна чоколада
200 милилитри неутрална павлака
Портокалите се ставаат во вода со сода бикарбона и се оставаат половина час. Потоа се варат половина час, додека не омекнат и се мелат во блендер. Се додаваат јајцата и јаткастите плодови или кокосот со малку сода бикарбона. Целата смеса ставете ја во плех и печете 20 минути на 200 степени. Сварете ја слатката павлака и додадете го чоколадото. Прелијте го колачот откако добро ќе се излади.