Домашен крем со лешници и какао

31

Кремот од лешници и какао може да си го подготвите дома, да го чувате во тегла и да го намачкате кога и да посакате.

Потребни состојки:

400 грама лешници

100 грама мед

50 грама какао

Еден ванилин шеќер

Малку масло за јадење

Многу малку сол

Најпрво испечете ги лешниците, па сомелете ги. Во смесата што треба да биде како брашно, додадете ги другите состојки и избленидирајте ги додека не добиете густ крем.